Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.
Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа. – истакна премиерот Заев.

OhridNews












