Има уште еден мал детал од Договорот помеѓу Македонија и Бугарија кој треба да се усогласи до 2-ри август, по што истиот ќе биде потпишан од премиерите на двете земји во Македонија. Ова го, истакна македонскиот премиер Зоран Заев по средбата со премиерот на Бугарија одржана вчера во Софија.
„Денеска ова што го правиме е повредно од секој можен договор. Оваа порака на пријателство, ова гостопримство и поддршка којашто ја добиваме, ова взаемно констатирање за сите предрасуди коишто досега биле отворани, овој чин на заедничко поклонување пред споменикот од заедничката историја навистина вредат од било кој договор. Се работи, навистина за мали детали коишто повеќе стручно службите ќе ги затворат. Повеќе нема да има комисии за преговори, ќе преговараат двајцата министри со своите кабинети, министрите за надворешни работи за да може да го усогласат тоа што остана малку, за да можеме секако како една цел што си ја дадовме пред нас, на 2-ри август при возвратната посета на премиерот Борисов и неговиот кабинет во Македонија да го потпишеме договорот. Навистина се мали детали коишто верувам дека ќе бидат решени, знаејќи дека добро е пред есента да го имаме затворено и ова прашање. Јас сакам да им се заблагодарам на комисиите коишто досега работеа, остварија 11 средби и навистина помогнаа многу да ние денеска го направиме на овој разговор што го имавме претпоследниот чекор и останува уште последниот чекор којшто сум уверен и убеден, дека на 2-ри август ќе го направиме.“ – -изјави Заев.
OhridNews