По повод големиот христијански и државен празник Свети Климент Охридски претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитика до сите граѓани од православна вероисповед.

– Чествувањето и почитувањето на делото на големиот светител Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и описменување, е од огромно значење за зачувувањето и унапредувањето на македонската култура и цивилизациските вредности со универзално значење. Просветното и книжевно творештво на Свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и творец на кириличното писмо, остави темелна трага во културниот и духовниот развој на македонската како и на многу други нации во светот.Одбележувајќи го денешниот ден се потсетуваме и на суштинското значење на солидарноста и почитувањето на заедничките вредности кај луѓето, се наведува во честитката од Заев.

Како што додава претседателот на СДСМ, големите дела на Свети Климент Охридски не обврзуваат сите нас, втемелените патеки на меѓусебно разбирање, почитување и помагање да ги промовираме и заеднички да ги поттикнуваме.

OhridNews