Предлогот за реконструкција на владата е доставен до Собранието. Премиерот Зоран Заев, покрај функцијата Претседател на владата, ќе ја врши и функцијата Министер за финансии, информира телевизија Телма.

„Обврската за министер за финансии, покрај премиерската функција ќе ја вршам јас одреден период. Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, рече Заев.

Нов министер има и во секторот Земјоделство, каде е предложен Трајан Димковски, кој досега беше советник на сега веќе сменетиот министер, Љупчо Николовски. Горан Милевски од ЛДП го презема министерството за локална самоуправа, додека Садула Дурака ќе го преземе новоформираното министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Насер Нуредини е предложен за Министер за животна средина и просторно планирање а Хусни Исмаили за култура.

OhridNews

извор Телма