Премиерот Зоран Заев изјави дека во координација со албанскиот амбасадор, Македонија, ќе испорача помош за разурнатите делови на Албанија од силниот земјотрес што изутринава го погоди подрајчето на Драч.
Како што информира Заев, првичната помош, согласно потребите од албанските власти, ќе се состои од механизација и тимови за пронаоѓање и извлекување на исчезнати лица.
Владата на својата денешна седница донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.
Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја.
OhridNews