Премиерот Заев со владина делегација престојува во официјална посета на Германија, каде предвидено е да одржи работни средби со канцеларката Ангела Меркел и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер. Како што информираат од владината прес-служба, Заев и канцеларката Меркел, по средбата ќе имаат заедничка прес-конференција на која ќе ги презентираат најважните прашања од нивните разговори од интерес на двете земји.
Во текот на денот, премиерот ќе оствари средба и со Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер. Заев во посетата на Германија е придружуван од висока владина делегација составена од Радмила Шекеринска Јанковска, заменик претседател на Владата и министер за одбрана, Бујар Османи, заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања и Никола Димитров, министер за надворешни работи.