Научните работници во седум институти во државата ќе добијат плата со ново покачување од 25%, најави премиерот Зоран Заев, кој се обрати на меѓународната конференција „Сликата на другиот во балканската култура“.

Ребалансот на буџетот помина и минатиот труд на научните работници од Институтите, вкупно 7 во државата е решена проблематика и нека ви е честито покачувањето од 5% проценти којашто беше од септември. Веќе со октомвриската плата го добивте и имате нова одлука на 25% покачување на плата, затоа што навистина приходите за научните работници и професорите коишто работат во сите наши институти беа понижувачки. Владата смогна сили и донесе одлука со што сакаме да ве мотивираме да продолжите да работите, да креирате, да оставите трајни добра на генерациите што доаѓаат после нас, рече Заев обракајќи им се на научните работници од земјава.

OhridNews