Лидерот на СДСМ, Зоран Заев како претседател на една од поголемите партии, потписнички на Договорот од Пржино, апелира до четирите члена на ад хок телото за медиуми уште на почетокот на идната седмица да го изберат петтиот член.

Тој не верува дека неизвесноста во изборот на петтиот член ќе го блокира договорот за избори на 11-ти декември.

Аман од политичките партии, преку глава им е на граѓаните. Има мериторни критериуми, има вредности кои и овие четири луѓе предложени како експерти може да седнат, малку да ја дрмнат главата и полека да ги стабилизираат мислите, да се насочат и да го изберат петтиот член. Како еден од претседателите на поголемите партии апелирам до четирите члена уште на почетокот на идната седмица да го изберат петтиот член, ако не заради нешто други, заради Македонија“, изјави Заев.

Новоформираното тело за мониторирање на медиумите пред изборите имаше неколку неуспешни обиди и не го избра петтиот член на телото, а битката се води меѓу Сефер Тахири и Даут Даути.

OhridNews
извор:„Макфакс“