СДСМ има консеквентен став во врска со спорот за името и нема да дозволи промена која ќе задира во идентитетот и посебноста на македонскиот народ. Ова денеска во Струга го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, по средбата со граѓани во чаршијата.
– И последниот став кој што е соопштен од мое име е апсолутно став кој што е консеквентен на претходните. Ние нема да дозволиме промена на нашето име кое што ќе задира во нашиот идентитет, нашиот јазик, нашата национална посебност, така да спомнувајќи Горна, Северна Македонија, нема да дозволам јас да сум горномакедонец или северномакедонец. Имиња пред Република Македонија, или други формулации се на разгледување, но без при тоа да се чепне Уставот на земјата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец.-изјави Заев.
OhridNews