Лидерот на СДСМ Зоран Заев, против кого денеска беше поднесена кривична пријава за шпионажа и обид за насилно уривање на власта, попладнево во изјава за медиумите рече дека вистината за случајот ќе излезе на виделина.

„Охрабрете се граѓани сите и радувајте се. Ова е почеток на враќање на слободата и демократијата во Македонија. Вистината ќе излезе на виделина пред очите на целата македонска јавност.

Ги повикувам сите граѓани, без разлика на нивната национална и верска определба, да се приклучат, во рамките на Уставот и законот, да си го вратиме владеењето на Уставот наш, на законот наш, да си ја вратиме Mакедонија.

Да бидеме слободни граѓани, да имаме посветла иднина за сите нас.“ – изјави Заев.


Заев: Ова е почеток на враќање на слободата 

OhridNews