Ова не е крај, ова е почеток на крајот на една криминална, корумпирана, расипничка и недемократска власт, рече вчеравечер претседателот на СДСМ Зоран Заев, по прес конференцијата на премиерот Никола Груевски, на која најави оставка.

„Човекот кој одлучуваше за живот и смрт, за тоа кој може слободно да живее во Македонија, а кој не. Човекот кој заедно со неговата фамислија, братучедот Мијалков и кумот Ставрески узирпираше се за свое лично богатење, јасно му е дека на тоа денеска му дојде крајот. Никола, ти не си Македонија“, рече Заев.

Тој ги повика македонските граѓани заедно да ја вратат демократијата и слободата во државата.

OhridNews
Извор:„Макфакс“