Најголемата одговорност за иднината на земјата е во рацете на пратениците, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето во Собранието на Република Македонија каде денеска почна 61-та седница на која на дневен ред e Предлогот за измена на Уставот на Република Македонија поднесен од Владата.
Тој ги повика пратениците да гласаат по сопствена волја и да и дадат шанса на иднината, истакнувајќи дека другиот избор, ќе ја фрли земјата во изолација.
Заев испрати порака за помирување за настаните од 27 април.
-Еве прилика да си простиме, да си подадеме рака, да кажеме „Стоп“ на поделбите. Нема друг начин народот да се помири ако политичарите, пратениците, не си простат. – рече Заев.
Тој истакна дека владата е подготвена да прифати амандмани, доколку бидат во духот на договорот од Преспа.
OhridNews