Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски, денес се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп. Тема на состанокот беше актуелната политичка криза во Македонија, усложнета по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција.

– СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори, какви што ќе бидат тие на 5 јуни, ниту такви избори ќе дозволи. Во Македонија се можни само регуларни избори, со прочистен Избирачки список и медиумски реформи, рече Заев на средбата со холандскиот амбасадор.

OhridNews