Ги допрецизираме разговорите со Турската демократска партија за влез во владата и се надевам дека до идниот вторник тоа ќе биде комплетно заокружено, изјави синоќа премиерот Заев.
-Се работи за споделување на одговорност по самите институции. Пратеникот од Турската демократска партија веќе учествува во поддршката на законските решенија и процедурите во Парламентот. И генерално, ова не е условено од некои места, но треба да го заокружиме прво тој вид на соработка. А после тоа, ќе разговараме и со другите политички партии. Пред сè, размислувам за БЕСА и тоа, двете групи. Јас се надевам дека ќе има нешто што ќе ги спои како една група. – рече Заев.
Во однос на Законот за јазици, Заев истакна дека има уште неколку опции, кои што се разгледуваат.
-Целта е, конечно Парламентот да си ги знае своите надлежности и тоа што го работи да има свој импакт. Претседателот, исто така. И овде, буквално, со длуката на Претседателот да не го потпише Законот, е блокирана надлежноста на Парламентот. И сега, ние можеме да бидеме две спротивставени страни, можеме да бидеме политички различни, но не смее ниту една институција во Македонија да биде блокирана. Од тој аспект, ова ќе биде извесно решение, пред Уставниот суд. Да ги разграничи надлежностите и да даде упатства за разрешување. Да не влегуваме секој, во сопствено толкување на работите. А правниците, кои што работат, пред сè, во Собранието, но и дел овде во Владата, разработуваат и други механизми на решавање на овој проблем. Заради тоа што, функционална демократија, функционална држава значи и изнаоѓање решенија на вакви преседани или случаи како што е непотпишувањето, после трето гласање, на Законот за употреба на јазиците. – изјави Заев.
OhridNews