Верувам дека на решени работи со соседите, на интегрирана земја во НАТО, започнати преговори со ЕУ, изградено пријателство со соседите и тоа како можеме да очекуваме значаен развој во туризмот, но и севкупен економски раст и развој на нашата земја, рече при посетата на Охрид, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

  • 2019 година ја завршивме со преку 1,2 милиони туристи или 5,8% повеќе од 2018 година што со самиот тренд покажува дека мерките кои се преземени даваат резултати. Секако не само преку мерките за поддршка на внатрешниот туризам, односно сиромашните граѓани на кои им беше овозможено да летуваат во текот на годината заедно со своето семејство до обезбедените дестинации меѓу кои и Охрид. Веруваме дека преку еден добар план за равој на туризмот во цела земја посебно во охридско -струшкиот регион ќе овозможиме дополнително екстензија на туристичката сезона која што е многу важна за Охрид. Сите мерки којшто досега ги развиваме се дополнително привлекување на внимението на нашите граѓани, соседите, европа и светот за почесто да ни го посетуваат Охрид, изјави Заев.

Заев при својата посета на Охрид оствари средби со граѓаните, како и со раководителите на одредени сектори.

OhridNews