Спореед досегашните пресметки и информации добиени од бизнисот по испратеното циркуларно писмо, Владата на стопанството му должи 400 милиони евра, изјави премиерот Заев. Тој посточи дека тоа се долгови кои биле скриени и дека бројката ќе расте, оти се кријат фактури во фиоки. Заев обзнани дека владата должи дополнителни 23 милиони евра за неплатени сметки за струја и 15 милиони за вода.

Владата вчера го усвои ребалансот на буџетот во кој се предвитени кратења на трошоците заради заштеда од околу 100  милиони евра, средства кои како што најави премиерот Заев, ќе се искористат за субвенционирање на стопанството за покачување на минималната плата на 12.000 денари во сите гранки, мерка која ќе почне да се применува од септември.

OhridNews