
„Во наредниот период ќе го вградиме целокупниот легитимитет добиен од граѓаните на последните избори во придвижување на економските и реформските процеси, за граѓаните да имаат повеќе пари и повисок животен стандард. Покажавме дека сме успешни во надворешната политика, а тоа ќе го покажеме и на внатрешен план преку реализација на програмата што носи живот за сите. Чесниот и домаќински пристап ќе продолжи и на локално ниво“ порача претседателот Заев.
Централниот одбор на партијата донесе Одлука за распишување на внатрепартиски избори на органите и носителите на функции во општинските организации на СДСМ и градска организација на СДСМ – Скопје.
Согласно Статутот на партијата беа донесени одлуки за начинот, постапката, роковникот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во општинските организации на СДСМ и градска организација на СДСМ – Скопје. Постапката за избор на органите и носителите на функции во општинските организации на СДСМ и градска организација – Скопје започнува на 27 ноември, а завршува пред крајот на 2017 година.
Членовите на ЦО на СДСМ дискутираа за актуелната политичка состојба во Република Македонија и темпото на спроведување на реформите, во интерес на граѓаните. Претседателот Заев ги информираше членовите на Централниот одбор за политичките разговори со дел од коалициските партнери и изрази очекување дека до крајот на овој месец ќе се донесат одлуките за пополнување на потребните кадровски решенија, за местата што се испразнија по локалните избори, соопшти СДСМ.
OhridNews











