Како што информираат од СВР- Охрид, попладнево, околу 15 часот, во близина на пекарата Габреш, во сообраќајна незгода животот го загуби едно лице, родено 1997 година во Охрид.

До незгодата дошло при судир на моторцикл кој го возело момчето, и патничко моторно возило Фиат Пунто со охридски регистарски таблици.

Во моментов екипи при СВР Охрид вршат увид со цел да се утврдат причините поради кои дошло до незгодата.

OhridNews