Синоќа во 19,25 часот, на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина на раскрсницата „Макази“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Вектра“ управувано од Л.Е.(54) од с.Велешта и „Шкода Фабија“, управувано од С.Ч.(27) од Скопје и „Фиат Добло“ управувано од Н.П.(37) од Скопје.
Во незгодата на самото место починал сопатник во првото возило, Аџибајрам К.(28) од с.Велшта, а тешко бил повреден Л.Е., а со повреди се здобила е С.Ч.. Сите биле пренесени во Клиничка болница Битола каде им била укажана помош.