Во 28-та година од животот, во трагичен настан што се случи денеска во станбена зграда во изградба, загина младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев.

Трагично згасна животот на младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев (21.04.1997 – 12.01.2026)

Кристијан и припаѓаше на новата генерација креативци и зад себе остави бројни проекти кои допреа до широка публика. Работеше активно во различни сфери, од реклами до документарни филмови. Автор е на бројни видео спотови за музичари, а работеше и на интернационални проекти. Соработуваше со Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз и Марама и многу други.

Ги бележеше традициопналните настани и случувања во Охрид и регионот, а учествуваше и во проекти за Бигорскиот манастир.

Веста за смртта на младиот Кристијан Љушев со неверување одекна во заедницата. Од него се простуваат блиските и пријателите кои се во шок по веста за трагичниот настан.

Беше исклучитечна личност, полна со позитивна енергија која ја пренесуваше на фотографиите, видеата и креативните проекти на кои работеше. Ги сакаше луѓето и целосно се внесуваше во работата. Силно ќе ни недостасува на сите, не можам да верувам дека повеќе го нема, вели неговиот стрико и близок соработник Томе Љушев – Шпанец.

Едно е сигурно, Продукцијата „Шпанец“ никогаш повеќе нема да биде иста без Кристијан чиј добар дух, ведра насмевка и препознатлив стил на работа ќе фалат.

Почивај во мир Кристијан.

OhridNews