Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денес во 11.30 часот се случи на улицата „Јабланица“ во Струга.
Како што информираат од СВР Охрид, Орце Ш. од струшкото село Мислешево, на лице место им подлегнал на повредите откако во неговото работно возило со уред за сечење дрва, налетало патничко моторно возило марка „Мазда“ без регистарски таблички.
Тешката сообраќајна незгода се случила поради недржење страна и правец на движење со неприлагодена брзина според условите и состојбите на патот, поради што патничкото возило „Мазда“ управувано од С.М(27) од Струга, изгубил контрола врз возилото и преминал на левата страна од коловозната лента. Притоа, со левиот преден дел удрил во работното возило со кое сега починатиот работел поточно сечел дрва.
Во текот на денот, во Охрид врз починатиот ке биде извршена обдукција.
На местото на сообракајната несреќата, извршен е увид во присуство на Истражен судија и Јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициската станица во Струга.
Возачот на патничкото моторно возило, е приведен во полициската станица во Струга.