Загинаа две лица на стадионот на кој ќе се отвори СП во Бразил
28.11.13 08:15
Двајца работници загинаа во инцидентот, кој се случи на стадионот од Сао Паоло, на кој ќе се играат натпреварите од Светското првенство следната година.
Кобен момент за работниците било откачување и паѓањето на кранот врз јужната трибина која била во завршна фаза. Тие починале на лице место, а само среќата била на страната од останатите работници кои во тој момент биле на фаталното место.
Почесното отворање на мундијалот во Бразил ќе биде на овој стадион, кој има капацитет од 65 000 гледачи, а за трагичниот настан се огласи првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер.
– Испраќаме искрено сочуство до фамилиите кои ги загубија своите блиски во трагичниот настан кој се случи во Бразил. Безбедноста на работниците е врвен приоритет на ФИФА. Ќе почекаме да се изврши комплетно испитување што навистина се случило и ќе излеземе со наш став околу безбедноста на работниците – рече Блатер.
Пред уривањето на јужната трибина стадионот бил скоро готов, само ситници го делеле од почнување да се средува теренот и околу стадионот.
Покрај премиерниот меч на стадинот во Сао Паоло ќе се одиграат уште четири натпревари вклучувајќи го и еден од полуфиналните дуели.
Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата вечерва ја пречекуваат екипата на Струга Подготвени сме, ќе го дадеме максимумот да ја постигнеме првата победа во оваа сезона во домашно...
Европската клупска кошарка би можела да биде пред една од најголемите промени во својата историја НБА разгледува можност за преземање удел во Евролигата, а евентуалната понуда би можела да биде едн...
Со шест натпревари синоќа започна новата сезона 2026/27 во фудбалската Лига на шампиони, а уште шест средби од првото коло во лигашката фаза ќе се одиграат вечерва Најголемо внимание на отворањето ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.