Германските пожарникари спасиле од оџак во центарот на Берлин гол човек кој бил заглавен во истиот. Пожарникарите пристигнале на лице место откако полицијата не успеала да му помогне на човекот кој бил заглавен на длабочина од десет метри. Портпаролот на пожарникарите рекол дека се обиделе да го извлечат со помош на јаже и дигалка, но не успеале па морале да смислат друг начин.

Потоа тимот од 30 пожарникари и десет други лица успале да направат дупка на вториот кат од зградата и успеале да го извлечат онесвестениот човек кој потоа бил префрлен во болница. Спасувачката операција траела два часа, но не е познато колку долго човекот бил во оџакот пред да пристигне полицијата. Не е познато ниту што барал гол на покривот од зградата.