Раководството на хрватскиот ракометен шампион Загреб спогодбено ја раскина соработката со тренерот Силвио Ивандија на чие место дојде Славко Голужа.
Силвио Ивандија повеќе не тренер на Загреб, објави клубот на својата интернет страница. Тренерот и клубот договориле во понеделникот соработката спогодбено да биде раскината.
Загреб, исто така, објави дека до крајот на сезоната екипата ќе ја предводи поранешниот хрватски селектор Славко Голужа, кој од наредната сезона ќе биде тренер на Татран Прешов.
Првиот предизвик кој стои пред Голужа е завршниот турнир во СЕХА лигата, кој одпеток до недела ќе се игра во белорускиот град Брест.
Загреб во првото полуфинале на звршниот турнир за противник ќе го има најдобриот тим во регуларниот дел на сезоната, македонскиот шампион Вардар.
„Макфакс“
OhridNews