Хрватскиот Загреб ќе го предизвика Вардар во финалето од регионалната СЕХА лига чија завршница се игра во Скопје.
Ракометарите на Загреб во 1/2 финалето го совладаа составот на Целје со тесни 29-28 (14-10) и обезбедија пласман во финалето.
Пресметката помеѓу Загреб и Вардар нема да биде прва во финалето, бидејќи овие две екипи за трофејот се бореа сезоната 2012/13. Тогаш како победник излезе тимот на Загреб.
OhridNews










