По теркот на ново формираното здружение на загрижени граѓани, група вработени од ЕМО, промовира Здружение на загрижени вработени, кое алармира на состојбите во компанијата и односот на менаџментот кон актуелните случувања. Во дописот кој стигна до нашата редакција се вели:
„ Покрај сите состојби во градов со нивото на езерото, има ли нема ли опасност, покрај сите политички препукувања,како што е тренд во последно време се појавуваат инстант НВО или Здруженија на граѓани, формирано исклучиво со определена цел и за една употреба, се појави и во Охрид – Здружение на загрижени граѓани. Демек загрижени биле за состојбите со езерото во Охрид. Сето тоа е во ред но како можеше да бидат скоро сите фукнкционери од ДПМНЕ, а што е најтрагично најголемиот дел беа директори од ЕМО ОХРИД, во првите редови, поддржани во позадина од нивниот генерален директор.Крив им е нив градоначалникот Александар Петрески,што викаа да се врати. Ако е за поплавите Косел е сеуште далеку од езерото, ако е за фабриката во Лескајца нејзе им ја зеде извршител. Единствено во Струга фабриката е поплавена ама таму Мерко е градоначалник.
Трагедија и мизерија. Тие наместо да формираат такво здружение требаше да формираат Здружение на загрижени директори на ЕМО ОХРИД зашто фирмава им е во колапс. Поплавите се елементарна природна непогода, но што се тие штом го доведоа ЕМО во таква состојба. Треба да се загрижат за заостанатите плати во ЕМО кои се движат од 4 до 9 за тие што одиме на работа а камоли за другите. Тоа се истите директори за кои подолго време наназад во периодот додека имаше некој денар се зборуваше и пишуваше дека земаат баснословни суми на плати како никогаш досега…“ – се вели меѓу другото во соопштението на група загрижени граѓани за ЕМО.
На 18052025 во 0050 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 33 годишно лице од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по чл...
На 18052025 во 0218 часот, полициски службеници од ОВР Ресен лишија од слобода 27 годишо лице од сЈанковец, ресенско При сообраќајна контрола во сЈанковец е сопрено патничко возило „мерцедес“ со ск...
Над 100 членови на културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, играорци, музичари, пеачи, актери… ќе бидат дел од годишниот концерт насловен „Ехо од истокот“ кој ќе се одржи во петок, ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.