Актерите Зак Ефрон и Рајан Гослинг би можеле да се појават во филмот „војна на ѕвездите: Епозда 7“, кој ќе го режира Џеј Џеј Абрамс и кој во кината ќе се појави во 2015 година. Наводно Гослинг би требало да го игра синот на Лук Скајвокер, а Ефрон синот на Хан Сол, пренеле американските медиуми.

Според наводите на извот близок на реијата и продукцијата на филмот, помалку познати актери ќе играат епизодни улоги, додека главните улоги, сепак, ќе им припаднат на познати актери иако засега не се знае кои. Медиумите исто така пренеле дека со режисерот се состанал и Леонардо ди Каприо.