Две лица од Струга и Коњари, во Дебар, упатувале сериозни закани по животот на охриѓанец и неговото семејство, со што се обидувале да го присилат да им исплати 30.000 евра, што наводно охриѓанецот му ги должел на првопријавениот.
Откако не успеале да ги земат бараните пари, го присилиле да потпише три договори за заем на пари, според кои охриѓанецот им зел на заем 29.750 евра, а требало да им ги врати најдоцна до 1-ви август годинава.
Од страна на надлежните органи против двете лица поднесена е кривична пријава поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
OhridNews












