Во Чаир ќе забраниме да се пее песната Македонско девојче, а албанското знаме никогаш нема да биде помало од македонското, е пораката што лидерот на ДПА, Мендух Тачи ја упати на промоцијата на кандидатите за градоначалници, одржана во неделата, пренесува „Макфакс“.
На собирот Тачи упатил и критики кон владејачката ДУИ, обвинувајќи ја за тешката ситуација во која се наоѓаат Албанците во Македонија.
Инаку, кандидат на ДПА за градоначалник на Скопје ќе биде Беким Фазлиу, за општина Чаир, Мухамед Тачи, за Бутел, Едмонд Мифтари, за Гази Баба, Насир Зеќири, во општина Шуто Оризари – Ибрахим Сума, Арачиново, Авни Гафури, Студеничани, Азем Садику и Сарај – Хазби Нуредини.
Претепано момче на Бит пазар
Во инцидент кој не е поврзан со претходниот настан, неколку непознати лица синоќа претепале дваесет и едногодишно момче од Радовиш на булевар „Крсте Петков Мисирков“, кај Бит пазар.
Според пријавата, група непознати лица во неделата околу 20.30 часот го претепале момчето удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото.
Полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.