Од МВР информираат дека вчера, околу 9.15 часот во Струга на улицата „Маршал Тито“ пред аптека, 52-годишно лице заканувајќи се со нож се обидел да одземе седативи од 48-годишно лице од струшкото село Заграчани.При тоа, лицето од Заграчани успеало да се повлече во аптеката и да повика полиција.
На лице место пристигнале полициски службеници од Полициска станица Струга и при преземање на службени мерки, напаѓачот давал активен отпор, држејќи го ножот во рака насочен кон нив службениците упатувајќи им сериозни закани. Истиот е совладан и приведен во полициска станица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ohridnews












