Советот на Општина Охрид ќе ја одржи дванаесетата седница на 8 јуни со почеток во 09 часот. На дневен ред 35 точки.
Меѓу нив Предлог-одлука за измена и дополнување на програмата за одржување и заштита на локални патишта и улици и регулирање на режим на сообраќај Ј6 за 2022 година, Предлог-одлука за измена и дополнување на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година, Предлог-одлука за измена на развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2022 – 2024 година, Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2022 година, Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на Општина Охрид за субвенционирање на новорегистрирани занаетчии и субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на Општина Охрид, Предлог-одлука за партиципација и сопствено учество на Општина Охрид во проектот „Набавка на механизација за јавните комунални претпријатија во регионот“, како и Предлог-одлука за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во Општина Охрид.
Поголем дел од точките на дневниот ред се однесуваат на носење на урбанистичко-плански документации.
OhridNews












