
Во учебната 2012/2013 година 6 932 родители и ученици биле повикани на советување, додека оваа учебна година заклучно со февруари, имало 18 774 повикувања, од кои 8 490 биле во основните и 10 284 во средните училишта.
Поради намален успех реализирани се 12 364 советувања на родители и ученици, за изостаноци 5 107, за несоодветно однесување на ученикот 1 076 и поради комбинација од повеќе причини имало 227 советувања од страна на училишните стручни служби, со упатување на родители и ученици во Центарот за социјална работа.
Како што објасна ресорниот министер, зголемувањето на бројката се должи на заложбите на Министерството за образование и наука и зајакнувањето на психолошко-педагошките служби училиштата.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот рече дека оваа учебна година планирано е вработување на 105 психолози, додека во 2015 ќе се ангажираат уште 119 педагози и психолози.
OhridNews











