Согласно законот, концесионерите на плажите на охридското крајбрежје, чии договори се истечени уште пред неколку месеци, ќе треба да ги отстранат времените објекти и сите други градби од јавните површини кои ги добија под закуп. Ова произлегува оттаму што државата треба да и ги предаде во владение плажите на локалната самоуправа во првобитна состојба.

Ова денеска им беше предочено на концесионерите на плажите на состанокот со претставници на надлежните инспекторати, што се одржа во зградата на општината.

Концесионерите на плажите затечени од ситуацијата истакнаа дека тоа ќе биде голем удар за нив, но и за туризмот воопшто и ќе го уназади развојот на Охрид.

Претставниците на надлежните инспекциски органи се воздржаа од коментрар, посочувајќи дека тие само го спроведуваат законот.

OhridNews