
Притоа, беше заклучено во подготовка на законските решенија да се искористат искуствата кои Република Словенија ги применува за регистрација на туристите, информираат од Владата.
Бил заземен и став Министерството за внатрешни работи, согласно законите и процедурите, да изработи нови формулари за евиденција на туристите, и да се воспостави систем на размена на податоци со Државниот завод за статистика преку кои Заводот би можел попрецизно и посеопфатно да ги обработува информациите во врска со туристичката дејност.
Исто така било акцентирано и почитувањето на обврската за пријавување на туристи од страна на туристичките работници во земјата, за што во идниот период ќе бидат спроведени мерки за информирање на јавноста.
Дополнително се разгледувале и акциските планови на Националната стратегија за развој на туризмот и Стратегијата за рурален развој на туризмот за што се донесоа заклучоци за реализација на конкретните активности и проекти содржани во нив.
Комитетот за туризам расправал и за можноста за зголемување на соработката со Ауринкоматкат Сантурс, која претставува најголема туристичка агенција во Република Финска која носи туристи во Република Македонија.












