Сопругата на Михаел Шумахер, Корина, изјавила дека нејзиниот сопруг, бавно но сигурно закрепнува, пренесува „Макфакс“.

 Седумкратниот Ф1 шампион, на 29.декември минатата година, на скијање во Мерибел, во француските Алпи, се здоби со тешки повреди на главата. По шест месеци кои ги мина кома, Шумахер од Гренобл е префрлен во клиниката за рехабилитација во Лозана, Швајцарија.

 „Станува сè подобро, полека но сигурно, во секој случај тој закрепнува“, рекла Корина Шумахер.

OhridNews
Извор:„Макфакс“