Времето денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот во западните делови со повремен локален дожд, кој на планините и на некои повисоки места ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 10 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.
Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, што бќе предизвика позначителен пад на температурата. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.
OhridNews












