Киднаперите грабнале либиски патнички авион со 118 патници и членови на екипажот, и го принудија да слета на Малта, по што се предадоа, јавува „Макфакс“.
Полицијата грабнувачите ги претресла и ги задржала во притвор, напиша Мускат во пораката на Twitter. Претходно киднаперите ги ослободија сите патници и членови на екипажот од авионот.
Авионот од типот „Airbus A320“ на либиската воздухопловната компанија „Afriqiyah Airways“ кој од домашен лет на внатрешна линија меѓу градовите Себха и Триполи е пренасочен кон Малта со 111 патници и седум членови на екипажот, го грабнале две лица, а не едно како што претходно се мислеше. На Малта слетал пред 12 часот, и во него меѓу патниците имало 82 мажи, 28 жени и едно дете.
Беше објавено дека двајцата киднапери се заканувале дека ќе го разнесат авионот со бомба.
Еден од грабнувачите наводно соопштил дека е приврзаник на поранешниот либиски водач Моамер Гадафи, соборен и ликвидиран во бунтот од ткн Арапска пролет во 2011 година. Соопштил дека може да ги пушти сите патници освен екипажот, доколку се исполнат неговите барања, а според либиски безбедносен извор на порталот al-Bilyad, неговото барање од затвор да биде ослободен синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам.
Истовремено, либиските медиуми повикувајќи се на официјалниот портпарол на привремената влада на национално единство на Либија објавија дека киднаперот на авионот барал „притисок“ врз либиската армија и да се обезбеди безбеден премин за излегување на милитнатите од северниот град Бенггази.
Засега не е познато дали барањата кои ги поставиле киднаперите се исполнети, и во кој обем и поради што двајцата им се предале на малтешките безбедносни сили.
OhridNews
извор: „Макфакс“