Заводници има од сите видови и величини а еден од нив е див слон кој завел слоница од циркус и ја одвел со себе, соопштиле вработените од циркусот кој гостувал во едно село во индиската држава Западен Бенгал.

Слонот кој живеел во џунглата и на кој веројатно му било време за парење, се појавил пред шаторот и кафезите на патувачкиот циркус и ја урнал оградата зад која се наоѓале четири слоници.

Женката Савитри веднаш пошла по него, останатите три тргнале по нив, а бегството на слобода го огласиле со трубење кое ги узбунило работниците во циркусот.

Вработените и стручњаците за управување со шумите успеале подоцна да вратат три женки, но не и слоницата Савитри која и понатаму е на слобода. 

J.M.