Екипи од јавното претпријатие „Водовод“ – Охрид  денес започнаа  градежни активности за  поставување нова водоводна линија во населбата  „Исток“. Старите азбестни цевки со профил  ф 63 мм се заменуваат со нови полиетиленски ф 90 мм во должина од 75 метри.

Активности ќе има и на улицата „Андон Дуков“, каде  денес се вршат припреми за замена на старата водоводна линија со нова која ќе биде од полиетиленски материјал  со профил од 63 мм во должина од 200 метри.

Од претпријатието потенцираат дека со овие зафати ќе се подобри водоснабдувањето во овие делови од градот како и одржувањето на системот за водоснабдување.

Во тек на денешниот ден екипи од ЈП „Водовод“ ќе вршат и санација на дефекти на улиците „Живко Чинго“ и „Железничка“ , а во селата Лескоец и Велгошти регулација на водоводните линии.

OhridNews