Од локалната самоуправа информираат дека интензивно се работи на поставување на новата атмосферската канализација и нова водоводна линија на делот од булеварот „Туристичка“ и „Јане Сандански“ каде ќе се гради новиот кружен тек. Старите азбест водоводни цевки ќе бидат исфрлени од употреба, при што се заменуваат со нови.
Активностите на охридските јавни претпријатија на оваа крстосница се очекува да завршат на почетокот на месец март, по што ќе започнат градежните активности за изградба на кружниот тек.
OhridNews