Заменик амбасадорот на Кралството Шпанија, Ернесто Хередеро дел Кампо, денеска беше во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид.
На средбата со директорката д-р Орхидеја Тасевска, било разговарано за историјата, мисијата и значењето на Институтот во креирањето на политиките за заштита на животната средина и природата воопшто.
Заменик амбасадорот бил запознаен со активностите и заложбите на научниот кадар за проучување, заштита и промоција на охридскиот регион и неговите природни вредности, особено на Охридското Езеро како уникатен акватичен екосистем.
Тема на разговор било и зачувувањето на статусот на УНЕСКО и улогата на Институтот како една од засегнатите страни, но и водечки институции во регионот.
Со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји, заменик амбасадорот ја истакнал волјата на Кралство Шпанија да поддржи и финансира проекти поврзани со наука, заштита, едукација и прашања засегнати со УНЕСКО и со огромно задоволство го поканил Хидробиолошкиот завод да настапи со свој предлог проект.
Во исто време, амбасадата ќе помогне во воспоставување контакти и потпишување меморандуми за соработка со сродни институции и универзитети од Шпанија. Средбата заврши со изразување на взаемно задоволство од остварувањето на првите контакти и можноста за долгорочна соработка, информираат од установата.
Директорката на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид, д-р Орхидеја Тасевска изразува огромна благодарност за интересот на Амбасадата на Кралството Шпанија за Институтот и неговата дејност и се надева на плодна и успешна соработка, се наведува во информацијата.
OhridNews












