Фудбалерите на Свонси го добија третиот менаџер сезонава, откако клубот го назначи Пол Клемент за нов предводник на екипата.
„Лебедите“, сезонава бележат најслаби резултати последниве години, а двете промени на менаџерската позиција не донесоја позитивни ветришта на Либерти стадионот.
Клемент, нема големо искуство како прв тренер во некој тим, но седум години наназад помошник е на Карло Анчелоти во екипите кои успешно ги води италијанскиот стручњак вклучувајќи го и Баерн Минхен.
Англичанецот на позицијата менаџер во Свонси го наследува Боб Бредли, а сезоната ја започна Франческо Гвидолин кој издржа нецели десет меча на клупата.
Свонси после 20-ет одиграни мечеви во Премиер лигата се наоѓа во опасната зона на табелата, а борбата за опстанок допрва следува.
OhridNews