Доцна вечерта на 28 март, на Клиниката за анестезија и реанимација во Скопје, како последица од здобиените повреди при тешката сообраќајна несреќа што се случи на 11 февруари кај Ботун, на 74 годишна возраст почина Шефкет Шаиноски, поранешен фудбалер и фудбалски тренер, своевремено член на Управниот одбор на ФСМ (ФФМ).

Шефкет Шаиноски (последен десно долу на фотографијата) на мал фудбал, заедно со познати спортски имиња од градот

Охрид го памети како еден од најистакнатите членови на златната генерација на ФК Охрид од еден од најуспешните периоди на клубот во 70-тите години на минатиот век. Шефкет беше дел од екипата на Охрид  стигна до 1/16 финалето во Купот на Југославија. На стадионот „Грашница“, Охрид пред повеќе од 10 000 гледачи изгуби од Борац Бања Лука со 3-4 и испушти шанса за пласман во најдобрите осум. Подоцна, тимот на Борац Бања Лука го освои трофејот во најмасовното клупско натпреварување.

Блескавата генерација на ФК Охрид од 1970-те со Шефкет Шаиноски – стои последен десно (Фото: Охрид слики од минатото)
Шефкет Шаиноски, најдесно на сликата со дел од фудбалерите на 40-годишниот јубилеј од легендарниот натпревар на „Грашница“

Шефкет е татко на Џевдет Џеко Шаиноски, исто така поранешен фудбалер, и фудбалски репрезентативец на Македонија.

OhridNews
Фото: Охрид слики од минатото