Во 57-година од животот вчера ненадејно почина Сашо Нанвески – Нанец, познат урбан лик и угостителски работник.
Нанец беше угостител долги години, сопственик на едно од првите модерни кафеа во градот, кафе барот „Томато“ во центарот на Охрид. Успешно менаџираше и диско клубови во годините на најдобра забава кога е во прашање ноќниот живот во Охрид.
Сашо Нанвески – Нанец ќе биде погребан на градските гробишта во Охрид утре, 10 декември од 12-12:30 часот.
OhridNews












