Првата група од 320 деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток заминаа заминаа на летување.

„Тоа се воспитно-образовни, спортско-рекреативни и културно-забавни активности, коишто на овие дечиња ќе им ги исполнат овие денови со најразлични активности и ќе може да го поминат времето во забава, спорт и рекреација.“ – истакна Спасов.
Во следните два месеци, на секои седум дена, ќе бидат испраќани нови групи дечиња на бесплатен одмор.
Според ресорниот министер, вкупно две илјади деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, ќе заминат на бесплатен летен одмор, а во текот на зимскиот период околу илјади дечиња ќе заминат на бесплатен зимски одмор.
OhridNews












