Денес, се простивме со уште една урбана легенда – легедна поврзана со РАДИО ОХРИД, што зрачеше, и значеше МНОГУ, навистина МНОГУ, за безброј генерации („За сите генерации-Добри Вибрации“!), преку дејствувањето од овој медиум од 1947 до 1999.

Драги Пријатели, замина Цветко Божиноски, меѓу пријателите идентификуван како ЦБ – спикер, водител, презентер, аниматор, и што ли уште не, во Радио Охрид, кој ако добро се присеќавам целиот свој целиот свој работен ВЕК го помина во овој медиум, се до устоличувањето на ВЛАСТ-а, која беше задолжена за разнебитувањето – тогашно, а Бога Ми и сегашно (на Македонштината, воопштено!!!)

Заминувањето на Нашиот драг ЦБ, не значи дека од Колективната Меморија на Ориѓани, се избришани спомените на децениските најави на неговиот Глас … Зборува Радио Охрид…, придружени, со мелозвучните акорди на Билјана, платно белеше… Потоа на централните вести – „Настани“, што долги низа години беа извор на објективно и навремено информирање на овдешната јавност … На многубројните настани, организирани под покровителство на Радио Охрид, како Охридските староградски средби и безброј други фестивалски приредби, што овој Древен Град го доближија до целиот свет со својата универзалност во културата…

Драги мои, јас дојдов во Радио Охрид, во далечната 1983 година. Поминав низ многуте скалила на новинарскиот занает – репортер, новинар, уредник, главен и одговорен уредник и директор на медиум, и останав доследен на моите професионални опредлеби до 1999г, при што но, најдобро поминував со мојот Двоец – Л.Ч./Ц.Б!

Едниот замина! И еве го испраќаме Денес – во Легендите – да ја пренесе Веста за Билјана, за Радио Охрид, за Историјата што сме граделе низ медиумот и што нема да се заборави, за пријателството, и спомените што не умираат…

Нека му е вечна слава на нашиот и драг ЦБ!!!

Стојан Савески

Поранешен Новинар/Уредник/Директор на Радио Охрид