Репрезентативецот на Чиле, Алексис Санчез не е дел од експедицијата на Арсенал која отпатува на турнеја низ Австралија, што веднаш се поврза за негово заминување.

Англиските медиуми пишуваат дека менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер им дал дополнителен одмор на Алексис Санчез и Шкодран Мустафи кои беа дел од селекциите кои се натпреваруваа во Купот на Конфедерации.

Минатата сезона Алексис Санчез не го криеше своето незадоволство, но подготовките започнаа, а тој не се пресели во клуб, по се изгледа надминати се проблемите со Венгер и клубот од Емирати.

Фудбалерите на Арсенал во текот на турнејата ќе одиграа четири пријателски средби. На 13 јули ќе се сретнат со Сиднеј, шест денови подоцна силите ќе ги одмерат со Сиднеј Вондерес, а потоа ќе одиграа мечеви со Баерн Минхен и Челси.

OhridNews