Сестра Софија е новата монахиња на Дебарско -Кичевска епархија во манастирот „Свети Георѓи Победоносец“ во Кнежино – Кичевско.
Чинот во предвечерието на празникот Преображение Христово го изврши владиката Тимотеј. Искушеницата Драгица, по облекувањето на монашкото росо и паната го враќа во живот монаштвото во овој манастир.
Името Софија, го носи по Мудрата Софија мајката на маченичките Вера, Надеж и Љубов, чиј спомен се одбележува на 30-ти септември.
„Чудесно Бог почива во своите светии и на прекрасен начин Тој ги радува своите верни чеда. А, пред нецели десет години оваа Богољублива жена, со донесувањето на моштите на св. Серафим Саровски во Бигорскиот манастир ја зарадува нашата земна Црква.“ – велат од Дебарско – кичевската епархија.
OhridNews