На барање на индискиот регулатор СЕБИ, денеска судот во Индија ги замрзнал сите сметки на милјардерот Субрата Рој, пишува НоваТв.

Се работи за долг кон граѓаните од 3 милијарди евра кои требало да се вратат со 15 отсто каматна стапка. Ова следува, откако индискиот врховен суд во спорот помеѓу регулаторното тело и Сахара Груп, пресудил во корист на регулаторното тело. За сега, никој официјално не ги коментира овие информации.
Инаку, Субрата Рој на македонската јавност и е познат по најавените инвестиции во Љубаништа, со кои се предвидува изградба на суперлуксузен хотел – казино на вода, како и апартмани, вили, марини, голф терени и други пропратни објекти кои ќе придонесат градот да стане светска туристичка дестинација.
OhridNews











