Согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2016 година, Министерството за економија објави Јавен повик за Субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000 денари.

За трошоци во оваа програма се сметаат трошоците за Набавка на опрема и алат; Уредување и подобрување на деловниот простор; Изработка на визуелен идентитет на производ; Дизајн на проивод; Надоместување на трошоци за добивање на мајсторска титула и Стручно осопособување на занаетчиите.

Право на учество на Јавниот повик имаат Занаетчии и вршители на дејност кои не добиле буџетски средства од проектите во 2014 и 2015 година; Имаат деловно седиште во Република Македонија и ги имаат подмирено сите обврски кон државата.

Крајниот рок за аплицирање на овој Јавен повик истекува на 31-ви мај 2016 година.

OhridNews